Еко-свест и Германската амбасада во Скопје деновиве ги привршија проектни активности и City Tree инсталациите се поставуваат денеска во Тетово и утре во Скопје.
Настанот во Скопје ќе се одржи со почеток во 11 часот на улица „Никола Кљусев“ во близина на хотелот „Мериот“. Во Тетово, пак, денес на пладне инсталацијата ќе биде презентирана пред Центарот за култура. Двата настани се на отворено.
„City Tree претставува вертикална структура со комбинација од специфични култури на мовови со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина (ПМ), азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони CO2 годишно“, информираат од Еко-свест.
Инаку, исталациите на неколку пати беа одложени. Најпрво беше објавено дека инсталациите ќе пристигнат во Македонија во ноември. Но, поради дополнителни постапки за издавање сертификати за растителниот материјал, инсталациите беа одложени за почетокот на 2017 година, а потоа и за крајот на март.