Денес се одржува трета студентска филолошка конференција „Како си ми?“

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од 10 часот започнува третото издание на студентската конференција „Како си ми?“ .

Според најавите, на конференцијата излагачи ќе бидат повеќе студенти, и тоа не само од Филолошкиот, туку и од други факултети, кои ќе ги претставуваат своите теми од повеќе области на филологијата.

„Идејата е со оваа конференција да го поттикнеме интересот кај студентите за истражувачка работа, јавна презентација и дискусија на темите што нѐ интересираат за време на нашите студии“, велат од тимот што стои позади „Како си ми?“

Целосната програма може да се погледне ТУКА.