Денес се одржува „Engage“, пренос во живо на Радио МОФ

Во Кино Култура денеска од 12 часот започнува шестото издание на ЕNGAGE – конференцијата за друштвен активизам, во организација на Младински образовен форум и Радио МОФ.

Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн така и во физичкиот простор.

На ENGAGE домашни и странски активисти, политичари, културни работници, борци за човекови права и креатори на онлајн иницијативи ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, култура, технологија, животна средина, правата на ЛГБТИ заедницата, протокот на информации и можностите за граѓанска мобилизација преку интернет.

Како говорници на ова издание на ENGAGE ги имаме:

Биргита Јонсдотир, поетеса, активистка, анархистка и трократна пратеничка во исландскиот парламент од Пиратската партија

Иван Новак, основач на бендот „Лајбах“

Ирина Гордиенко, новинарка на весникот Новаја Газета и една од новинарките кои први го истражуваа и објавија масовното приведување, мачење, а во некои случаи и убивање на ЛГБТ лицата во Чеченија

Ана Биалас, најголемата петициска платформа на светот Change.org

Михаи Политенау, извршен директор на Иницијатива Романија

Фчерашни новости, сатирично телевизиско шоу

Никола Писарев, активист, историчар за уметност и археолог

Астални проекции, независна поетска трупа

Беса Арифи, професорка по критично право на „Универзитетот на Југо-Источна Европа“

Регистрацијата за конференцијата е затворена. За сите оние кои нема на можат да присуствуваат на настанот, Радио МОФ обезбедува стриминг во живо:

Исто така, конференцијата ќе може да се следи и на engage.mk.