Денес ќе биде сослушан Мирослав Алексиќ, српскиот драмски педагог обвинет за силување на повеќе девојки

Мирослав Мика Алексиќ, познатиот драмски педагог и сопственик на училиште за актерство во Белград, кој е приведен бидејќи повеќе девојки пријавија силување и сексуално вознемирување, денеска ќе биде сослушан пред Високото јавно обвинителство.

Попладнево пред Високото јавно обвинителство во Белград ќе излезе Мирослав Мика Алексиќ, по што ќе биде одлучено дали ќе биде притворен. Алексиќ е обвинет за силување и сексуално вознемирување од повеќе девојки, меѓу кои и актерката Милена Радуловиќ.

Постојат сомнежи дека од 2012 до 2020, осомничениот наставник сексуално нападнал пет ученички, од кои две за време на нападот биле малолетни, соопштило српското Министерство за внатрешни работи.

Доколку обвинителството покрене кривична постапка за силувања и вознемирување, Алексиќ може да биде осуден на 15 години затвор.

Актерката Милена Радуловиќ јавно го обвини драмскиот педагог, режисер и сценарист Мирослав Алексиќ за силување. Актерката тогаш имала 17 години.

„После тешка внатрешна борба, неколку храбри девојки и јас решивме да го сопреме магичниот круг на злоупотребата“, напиша Радуловиќ на својот „Инстаграм“ профил.

Факултетот за драмски уметности во Белград преку соопштение ја поддржа младата актерка и некогашната студентка Милена Радуловиќ.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека Мирослав Алексиќ никогаш не работел на Факултетот за драмски уметности, ниту на кој било начин бил вклучен во процесот на едукација на нашите студенти и студентки“, се вели во соопштението на српската академија.

Актерката Радуловиќ доби поддршка од соработниците и невладините организации, додека јавни писма за охрабрување беа испратени и од македонските активистки и активисти.

Извор: BBC