Денес и утре традиционални крводарителски акции на Црвениот крст

Утре од 9 до 17 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи 15-тата традиционална крводарителска акција, по повод празникот Голема Богородица.

Крводарителската акција е во организација на Општинската организација на Црвен крст-Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Црвениот крст најавува и дека денеска од 18:30 до 23:30 часот, како и утре од 08:30 до 14:30 часот крводарителска акција ќе се одржи и во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матка, додека утре акција ќе има и во Манастирот св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка

Од Црвениот крст очекуваат да им се придружат сите крводарители, особено оние кои традиционално даруваат крв на овој ден.