Ден на водата 2019- Водата е човеково право

Централниот настан по повод годинешното одбележување на Светскиот ден на водата, под мотото „Вода за сите – кој и да си каде и да си водата е твое човеково право“ ќе се одржи во Кинотека на 22 март, од 10:30 до 14:00 часот.

„Ние и оваа година со нашето мото „Среќен ден на водата„ ,со цел да покажеме уште еднаш, колку сме среќни што имаме здрава, безбедна и достапна вода. Многу учеснци, ученици ,студенти, пензионери, и љубители на овој настан.
Ќе пееме за водат, ќе играме , ќе се дружиме и ќе гледаме филмови за водата“, стои во најавата за настанот.

Организатори се Институт за јавно и КАТ Продукција-Скопје. Во рамки на одбележување на Денот на водата 2019, ќе биде прикажан 27 минутниот документарен филм „Езеро од јаболка„ од авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кои на модерен и визуелно возбудлив начин ги доловуваат резултатите од долгогодишните напори за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро.