Денот на почвата во АКСЦ

Светскиот ден на почвата 5 декември ќе биде одбележан во Автономниот културно социјален центар АКСЦ со филмска проекција, дискусија и правење земјени семенски топчиња за засадување идната пролет.

„ Дали знаевте: во една лажица здрава почва има повеќе микроорганизми отколку луѓе на земјата?

Здравата почва е пресудна за да преживееме!!!  Го уништуваме живиот свет во неа со скоро се што правиме.
Ја загадуваме со хемија, индустрија, пестициди и хербициди, и ги сечеме дрвјата, закопуваме нерециклирачко ѓубре.

Не` прехранува, од неа добиваме гориво, текстил, дури и медикаменти. Не` штити од поплави, од ерозија, климатски промени“, појаснуваат организаторите на настанот задругата „Наша Добра Земја“ со „Зелената Арка“.

2015 од ФАО е прогласена за година на почвата, а 5 декември е интернационалниот ден на здравата почва.

Настанот почнува во 19:00 часот.