За да го одбележат Меѓународниот ден на Младите, Младинскиот совет на Aмбасадата на САД во Северна Македонија организира неформална дружба денеска во „Котур“ со почеток во 18 часот.
Влезот е слободен и отворен кон секого. Дино Шкрињариќ ќе се погрижи за музиката.
„Најголемиот потенцијал и моќ се наоѓа во младите, во нивните идеи и во начинот на кој го гледаат светот. Младите во нашата држава секој ден ги остваруваат тие идеи и тој потенцијал, храбро се соочуваат со препреките и се поддржуваат едни со други, и тоа е она што советот сака да го прослави. Идејата која сака да се искомуницира преку овој настан е вмрежување на на повеќе млади и младински организации со цел поголема поддржка и соработка во нашата заедница“, велат од Младинскиот совет на Aмбасадата.