Ден без автомобили за првпат во Париз

На иницијатива на градоначалничката на Париз Anne Hidalgo и здружението Paris Without Cars, денес во Париз за прв пат се одржа ден без автомобили. Во центарот на градот не пројде ниту едно моторно возило, а во другите соседства беше намалена дозволената брзина за возење.

Осумте ленти на најпознатата авенија во Франција денес беа чисти од секаков моторен сообраќај, по повод првиот ден без автомобили на Париз. Наместо со автомобили, сите жители на Париз денес патуваа со своите велосипеди, скејтборди или ролери.

Освен чистиот воздух и тишината, во Париз денес имаше и други пријатни ефекти од кратката утопија без автомобили.

„Сите се чини дека се смеат, и не се под толку стрес“, забележала Elisabeth Pagnac, јавна службеничка од околу 50-тина години, која тргнала на работа со велосипед.

Но, најчудно од сé за неа било небото.

„Живеам високо во блок со кули на истокот на градот, и гледајќи низ прозорецот денес веднаш ја забележав разликата: небото никогаш не било толку сино“, вели таа.

Кога Anne Hidalgo, градоначалничката на Париз, ја претстави на јавноста идејата за ден без автомовили на предлог на колективот Paris Without Cars, на врвот на агендата беше токму загадувањето.

Во март годинава, пораст во загадувањето на воздухот накратко го направи Париз најзагадениот град во светот, со смог толку густ што сосема ги покри најпознатите аимболи на градот, меѓу кои и Ајфеловата кула. Додека Париз се подготвува да биде домаќин на овогодишената масовна конференција за климатски промени, градот е под притисок да превземе акција.

Франција има најголем процент на дизел автомобили во Европа, поради поевтината цена на дизелот од бензинот. Скандалот со Volkswagen уште повеќе го зголеми притисокот врз француската влада, од која се очекува да превземе нешто против загадувањето од овие автомобили.

Извор: Guardian