Демонстрантите скандираат „Дојдени за слобода“, полицијата ги пушти пред Влада

Полицијата им дозволи на демонстрантите, кои речиси цел час ги држаше на просторот околу поштата и плоштадот, конечно да се доближат до Владата. Прво беа пропуштени новинарите, а потоа цела река народ се придвижи напред.

На обидот на еден од присутните да фрли запалена бакља, останатите го осудија повикувајќи на ненасилство и мирен протест, јавува репортерката на Радио МОФ. Присутни се и провокатори, кои останатите се обидуваат да ги изолираат од групата.

Пред владината зграда е мирно и се повторуваат познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Ова е за народот“, но и “Дојдени по слобода“.

Полицијата во полна опрема е присутна во голем број, а протестот минува во мирна атмосфера. Ова е четврти ден по ред протест поради одлуката на претсетелот Ѓорѓе Иванов да ги помилува политичарите против кои с водат кривични постапки, но и за одложување на изборите најавени на 5 јуни.