Демонстрантите пред Влада, се обидуваат да го обојат белиот барок

„Оставка“, „Нема правда, нема мир“, шарената револуција продолжи пред Влада каде демонстрантите се обидоа да ја обојат белата барокна фасада.

Иако патот до Владата беше блокиран, еден од кордоните беше тргнат, при што граѓаните се упатија кон владиниот објект.

Еден од најмасовните протести досега започна пред просториите на СЈО, по што продолжи кон Европскиот универзитет, за на крстосницата кај Паркот на новинари полицијата да го попречи движењето на демонстрантите.

„Готово е Никола“, „Нема правда, нема мир“, „Не ве амнестираме“, извикуваат граѓаните во близина на Европскиот универзитет. Барањата на демонстрантите се оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, одложување на изборите најавени за 5 јули, укинување на аболицијата, но и техниќка влада која ќе ги овозможи демократските реформи според извештајот од Прибе.

Контра-протест на ГДОМ пак истовремено се одржува пред Собранието. Со него се бара повлекување на аболицијата за лидерот на СДСМ Зоран Заев и Зоран Верушески, но и одржување на изборите на 5 јуни.