Демонстрантите пред судот бараат ослободување на притворените студенти и активисти

Неколку илјади демонстранти стигнаа пред скопскиот Основен суд каде што побараа итно ослободување на активистите и приведените студенти по започнувањето на бранот протести на 5 мај. Некои од нив, како што потсетија движењето „Протестирам“ се уште се во притвор.

 

„Пуштете ги децата“, извикуваат демонстрантите пред судот. Присутните на денешниот протест ја продолжија и акцијата за собирање донации за настраданите акции во Куманово.

Низата протести во Скопје, кои потоа се проширија и низ повеќе градови, започнаа на 5 мај, откако опозицијата објави аудио записи кои, според лидерот Зоран Заев, покажуваат дека власта го криела убиството на Мартин Нешкоски.

Под мотото „Секој ден во 6“, исто како и пред четири години, илјадници граѓани излегоа на улица барајќи правда и институционална одговорност.