Илјадници демонстранти кои веќе осум дена бараат правда за Џорџ Флојд и да се стави крај на полициската бруталност, останаа на улиците во Њујорк, а во родниот град на Флојд, Хјустон, се одржа меморијален марш кој привлече десетици илјади граѓани, објави Гардијан.
Присуствуваше семејството на Флојд, заедно со градоначалникот и полицискиот началник, при што присутните оддадоа почит на „нежниот џин“.
Спомен-маршот беше организиран од познатите рапери на Хјустон, Trae Tha Truth, кој беше долгогодишен пријател на Флојд, и and Bun B, ангажиран со семејството за настанот.
„Ќе го претставиме како што треба. Ќе го раскинеме системот одврнатре“, рече Trae Tha Truth пред илјадниците собрани граѓани.
Меѓувремено, насекаде низ САД продолжија масовни демонстрации и покрај полициските часови. Вооружени воени возила се движеа низ улиците на Вашингтон, додека демонстранти маршираа и клекнаа пред Белата куќа пред почетокот на полицискиот час.
Almost one hour to #DC’s curfew, which is when police for the last two nights have upped their tactics and aggressively cleared protesters from streets. This crowd is only getting bigger. There are kids and grandparents here. I’ve seen two strollers. pic.twitter.com/ZPT1Rlzdsg
— Marissa J. Lang (@Marissa_Jae) June 2, 2020
Тука, демонстрациите немаа толкав интензитет како претходниот ден, кога луѓе беа исфрлени за да се направи пат за претседателот Доналд Трамп.
Според Пентагон, главниот град сепак останува на готовс, со околу 1.600 американски војници преселени во регионот на Вашингтон. „Трупите не учестуваат во поддршка за одбрана на операциите на граѓанските органи“, рече претставник на Пентагон, Џонатан Рат Хофман.
Претхотно, претседателот се закани дека ќе ја употреби војската за да ги сузбие граѓанските немири, но ќе треба да се повика на Актот од 1807 за да го направи тоа.
Во Њујорк, илјадници луѓе маршираа со часови преку Менхетен, истакнувајќи ги своите транспаренти. Градот го продолжи полицискиот час од 20 до 5 часот во текот на целата недела и забрани голем дел од моторизиран сообраќај низ Менхетен во вечерните часоти. Истовремено, голем бро полициски служби беа ангажирани откако се појавија тензични сцени и избувнаа грабежи преку ноќта.
Илјадници демонстранти привремено беа блокирани на Мостот Менхетен, чекајќи повеќе од два часа за да влезат во овој дел од градот.
Како што пишува Гардијан, човек бил застрелан од полицијата околу 10 часот, во дел од Бруклин. Извор од полицијата рекол дека инцидентот се случил откако полицајци возвратиле на пукање, па случајот дополнително се истражува. Првично не било јасно дали пукањето е поврзано со протестите.
Во Сан Франциско, илјадници луѓе маршираа покрај плажите, а голем број демонстранти беа и на улиците на Лос Анџелес. Многу од протестите низ САД започнаа порано поради полициските часови.
Американската унија за граѓански слободи го критикуваше полицискиот час на голем број локации, канцеларијата во северна Калифорнија, велејќи дека „овие мерки само ќе ги повторат проблемите за кои протестираат нашите заедници“.