Демонстранти опколија авион во Лондон за да спречат депортација на мигранти во Африка

Три луѓе се уапсени по синоќешниот протест на аеродромот Стенстед во Лондон, кога група активисти опколиле и се заклучиле во паркиран авион кој, според нив, требало да депортира мигранти за Нигерија и Гана.

Портпаролот на аеродромот за ББЦ изјавил дека пистата била привремено затворена од претпазливост, но повторно се отворила два часа по инцидентот. Тој додал дека протестот вклучувал околу 10-тина луѓе и се случил во страничниот дел од аеродромот кој се користи од приватни авио-превозници, далеку од патничкиот терминал и пистата.

Активистите на социјалните мрежи во живо го пренесувале протестот, а објавени се и фотографии како лежат на земја опколени од обезбедувањето и полицијата.

Преку социјалните мрежи тие информираа дека целта била спречување на чартер лет за масовна депортација во Нигерија и Гана.

Според Индепендент, една жена за која активистите рекле дека била на летот изјавила:

„Мојот поранешен сопруг знае дека сум депортирана. Ме чека и планира да ме убие. Ако го направи тоа, кој ќе се грижи за моите деца?“, рекла таа.

Друг депортиран маж пренесено е дека рекол:

„Бев во оваа земја скоро 18 години. Моето семејство и мојот живот се овде во Велика Британија. Ако ме вратат во Гана ќе се убијам“.

„Масовни депортации како оваа која ја сопревме вечерва се неморални, неправедни и нелегални. По Брегзит, оваа влада е поодлучна од било кога претходно да биде строга кон имиграцијата, но, масовните депортации имаат ужасни човечки последици. Се околу овие депортации укажуваат на фактот дека тие се нехумани и мораат да бидат запрени“, вели Сузан Џејмс од организацијата „Plane Stupid“ во сооштение од демонстрантите.

Власта одбила да коментира за закажаниот лет, но соопштила дека депортациите се „суштински елемент на ефективен систем на имиграција“.