Делумно затворени француските ски-центри поради протест на работниците

Низ скијачките центри во Франција денеска протестираат работниците на стартот на полната зимска сезона.

Синдикатите велат дека протестите се поради реформите кои треба да започнат да се применуваат од први април, кои, според нив, ќе ги намалат правата на сезонските работници, пренесува Еуроњуз.

Според новото законско решение, за да стекнат привилегии како невработени лица, сега тие ќе мора да работат најмалку шест месеци во период од две години, додека досега требаа да работат најмалку четири во последните 28 месеци.

Поради протестите делумно се затворени голем број на скијачки центри, а демонстрантите разделуваа летоци и извикуваа слогани од жичниците.

Според најголемите синдикати на Франција, вкупно се одржуваат 50 протести низ земјата, од Алпите до Пиринеите.