Делумно затемнување на Месечината низ фотографии од Скопското астрономско друштво

Скопското астрономско друштво на 16 септември од плоштадот „Македонија“ го надбудуваше делумното затемнување на Месечината. За време на ова затемнување, главната сенка (умбра) не ја покри Месечината и таа не беше делумно, ниту целосно затемнета на ниту една друга локација на Земјата.

Според астрономското друштво, ова се нарекува пенумбрално затемнување на Месечината и е потешко за набљудување затоа што засенетиот дел од Месечината е само малку потемнет од остатокот.

Максимумот на затемнувањето бил во 20:54 часот. Погледнете како изгледаше ова затемнување низ објективите на неколку членови Скопското астрономско друштво.

Месечината, околу половина час по почетокот на затемнувањето. Опрема: Canon PowerShot SX 160 IS, експозиција: 1/80 sec, f/5.9, ISO 100. Заслуги: Марина Димовска

Композитна фотографија од делумното затемнување на Месечината, составена од 6 фотографии направени во период од 2 минути. Опрема: Nikon D7000 и објектив Nikon 400mm F2.8, експозиција: 1/80 sec, f/22, ISO 100. Заслуги: Александар Динев

Композитна фотографија од затемнувањето составена од 4 фотографии направени во период од 2 минути и 48 секунди. Опрема: Nikon D7000 и објектив Nikon 400mm F2.8, експозиција: 1/80sec, f/22, ISO 100. Заслуги: Александар Динев.

Затемнувањето фотографирано од нас. Аеродром нешто пред максимумот, во 20:40 ч. Опрема: Canon 5D Mark II, Sigma 150-500, трипод; f/9, 1/800 @ ISO 800. Заслуги: Боби Кузмановски

Фотографија од делумното затемнување на Месечината, 20:39 ч. Опрема: Canon PowerShot SX160 IS; експозиција: 1/500 sec. f/5.9 ISO 100. Заслуги: Марина Димовска

Споредба на изгледот на Месечината за време на затемнувањето (лево) и потоа (десно). Опрема: Nikon D7000 и објектив Nikon 400mm F2.8, експозиција: 1/80 sec, f/22, ISO 100. Заслуги: Александар Динев

За крај, погледнете ја оваа анимација која го објаснува пенумбралното затемнување на Месечината видливо од Скопје.