Делумна забрана за ТикТок во Италија по смртта на девојче кое учестувало во предизвик

Италијанските власти отворија истрага по смртта на 10-годишно девојче од Сицилија, која учествувала во таканаречениот предизвик „blackout“ (онесвестување) додека ја користела мрежата за споделување видео ТикТок.

По информацијта дека девојчето починало од задушување, италијанскиот орган за заштита на податоците соопшти дека воведува привремена забрана за пристап на ТикТок за корисници чија возраст не може да се провери.

Платформата, популарна особено меѓу тинејџерите ширум светот, е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Според условите и правилата на ТикТок, корисниците мора да бидат најмалку 13 години.

Забраната ќе остане на сила до 15 февруари бидејќи сицилијанските обвинители продолжуваат да го испитуваат случајот.

Детето починало во болницата во Палермо, откако во средата ја пронашла нејзината 5-годишна сестра дома во бањата со својот мобилен телефон, кој бил запленет од полицијата.

Нејзините родители изјавија дека учествувала во таканаречениот предизвик „blackout“ (онесвестување) на ТикТок, ставајќи појас околу вратот и држејќи го здивот додека се снимала на нејзиниот мобилен телефон.

Во декември, италијанските власти го критикуваа ТикТок за низа прекршувања, вклучително и недостаток на транспарентност во информациите дадени на корисниците и автоматски поставки со кои наводно не се почитува приватноста.

Органите исто така рече дека ТикТок недоволно посвестува внимание на заштитата на малолетниците и ја осудуваат леснотијата со која малите деца можат да се најават на апликацијата.

Од компанијата, пак, во изјава за медиумите велат дека безбедноста на заедницата бил нивен апсолутен приоритет. Оттаму уверуваат дека не дозволуваат никакви содржини што охрабруваат, промовираат или величаат однесување што може да биде опасно.