Во декемвриската сесија започнува електронско полагање на правосудниот испит

Правосудниот испит во декемвриската сесија ќе почне да се полага во електронска форма, информираат од Министерството за правда.

Новиот систем на полагање на испитот започнува да се применува согласно новиот Закон за правосудство кој стапи на сила во октомври 2013.

За да се спроведе полагањето на правосудниот испит во електронска форма, преку комисиите одредени за предметите кои кандидатите треба да ги полагаат, се подготвени прашања од страна на Академијата за судии и јавни обвинители од програмата подготвена во рамките на Министерството за правда.

Од Министерството уверуваат дека овој начин на полагање на испитот ќе биде поефикасен и истовремено усогласен со современите стандарди. Испитот ќе се реализира во просториите на Центарот за правосудниот испит АССЕЦО ( ул. „Христо Смирнески“, бр. 30).