Дејвид Лидбитер е прв добитник на наградата „Киндл раскажувач“ за самоообјавено дело

Дејвид Лидбитер е прогласен за победник на првото издание на наградата „Киндл раскажувач“, за неговиот криминалистички трилер „Ловци на реликти“ („The Relic Hunters“) освојувајќи 20 000 фунти. Покрај парите, Лидбитер ќе добие и маркетинг кампања за поддршка на книгата на Amazon.co.uk, пристап до ментор и можноста неговата книга да се преведи.

„Ловци на реликти“ е археолошка акциона авантура која го следи криумчарот на реликти Гај Боди низ светот додека тој бара познати историски предмети, со помош на неговиот тим. Пред книгата, Лидбитер веќе има напишано 23 „Киндл интернешнл бестселери“ допирајќи до бројни читатели низ светот.

„Освојувајќи ја наградата ‘Киндл раскажувач’ е животно искуство“, рече Дејвид Лидбитер.

„Чест е да се биде избран како победник и навистина е прекрасно што ‘Ловци на реликти’ е избрана од таква силна кратка листа. Благодарение на моите читатели јас ја добив наградат и навистина сум благодарен. Возбуден сум за следното поглавје во мојата раскажувачка кариера и се надевам дека со профилот што ми го даде оваа награда, моите приказни ќе стигнат до повеќе читатели“, додаде тој.

Она што ја прави оваа награда уникатна е учеството на корисниците во процесот. Од илјадници учесници, потесна листа од 6 автори беа избрани базирано на бројот на фактори кои предизвикале интерес кај читателите. Покрај победничката титула, листата содржела широк спектар на жанрови.

Жирито кое одлучуваше за победничката книга беше составено од актерката и активист за писменост Лили Кол, најпродаваната актерка Рејчл Абот, ирскиот автор и еден од основачите на Алијансата на независни автори Орна Рос, уредничката на „Метро букс“ Клер Алфри, како и членови на тимот на „Амазон букс“.

Годинава за првпат се доделува оваа награда, а е воведена со цел да ги признава новите изданија напишани на англиски јазик од кој било жанр. Наградата беше отворена за сите автори кои ги објавиле своите книги преку „Киндл“ на „Амазон“, помеѓу 20 февруари и 16 мај 2017 година.