Дечиња од Македонија наградени на интернационалниот „Бреонобреин фест 2021“

Шестиот интернационален „Бреинобреин фест“ се одржа онлајн на 9 јануари 2021 година, а во конкуренција со 25.000 деца од 45 земји во светот, сите наши претставници се стекнаа со највисоките награди во своите категории според возраст и ниво.

„Од 188 дечиња што учествуваа од 10 градови од државата, Скопје, Охрид, Кочани, Битола, Крива Паланка, Прилеп, Велес, Тетово, Куманово и Струмица, сите освоија награди и тоа во следните категории: 25 трофеи и 62 златни медали и 96 сребрени медали и сертификати“, информираат од „Бреинобреин“.

Од таму велат дека „Бреинобреин“ е една од детските лидерски институции, што веќе 17 години успешно ги трансформира животите на децата од целиот свет.

„’Бреинобреин’ програмата е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата на возраст од 4 до 14 години“, соопштуваат тие.

Програмата има две основни цели: целосен развој на мозокот (со користење на Абакус Ментална Аритметика и ВАК методи) и развој на личноста (со помош на НЛП техники).