Дебатно кино и проекција на филмот „Oбреновац”

Дискусија, дебатно кино и проекција на филмот „Oбреновац” ќе се одржат во среда (15 јули), во Клуб на новинари со почеток во 20 часот, најавуваат до Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Како што појаснуваат организаторите на настанот, филмот „Обреновац” ги прикажува негативните ефекти врз здравјето на локалното население и околината кои ги предизвикува работата на термоелектраната на јаглен „Никола Тесла”.

По проекцијата ќе следи и дискусијата на која ќе говорат Иван Трпески, независен експерт по енергетика, Беса Татеши, од Министерството за животна средина и Александра Бујароска, еколошки правник од Фронт 21/42.