Дебатите на иднината: За што ќе се дебатира за 50 години?

Дали на луѓето треба да им се дозволи да станат бесмртни? Дали треба генетски да ги модифицираме нашите деца? Дали е морално оправдано да клонираме познати личности од минатото? Дали е безбедно да создадеме вештачка интелигенција? Дали роботите ќе ти ја земат работата?

Ова се прашањата на кои ќе се дискутира на предавањето „Дебатите од иднината: За што ќе се дебатира за 50 години?“, кое ќе се одржи во петок(3 февруари) од 18 ч. во просториите Младинскиот образовен форум во Скопје.

Предавањето е отворено за сите дебатери без разлика на искуство и е од интерактивен тип. Ќе се дискутираат и анализираат тези кои се инспирирани од најдобрите предвидувања на футуризмот за проблемите на иднината.

Предавач ќе биде Иван Мицковски од тренер на напредна група дебатери, инаку љубител на футуризам и шпекулативни дебати за иднината на човештвото.