Дебатерите од Младински Образовен Форум на Светското универзитетско дебатно првенство

Теодора Столевска и Милка Геровска се дебатерките кои ќе го претставуваат МОФ и Македонија на овогодинешното Светско дебатно првенство за студенти во Грција.

Турнирот започна вчера – 27 декември а ќе трае до 04 јануари, во Универзитетот  Македонија во Солун каде  400 тимови ќе ги спротистават нивните дебатни вештини.

Дебатерите од Младински Образовен Форум на Светското универзитетско дебатно првенство

Преку 9 прелиминарни рунди полуфинална и финална рунда ќе биде избран овогодинешниот светски првак во дебата.

На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории:

Open category– во која се натпреваруваат сите на кои англискиот јазик им е мајчин јазик,

English as second language (ESL) категорија – во која се натпреваруваат сите дебатери на кои англискиот им е втор јазик и

English as foreign language (EFL ) категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик

Дополнително, тимот на Радио МОФ составен од Димитар Вандовски, Марко Ѓорѓиев и Анте Гулин ги пренесуваат дебатите во живо преку каналот на Радио МОФ.

Испраќањето на тим на Светското дебатно првенство придонесува за подобрување и креирање на препознатливост во меѓународната дебатна заедница на македонскокото дебатно друштво, соопштуваат од МОФ.