Дебата: Занемарени се лобистите, активистите, медијаторите во Македонија

Дебата: Занемарени се лобистите, активистите, медијаторите во Македонија„Занемарени се лобистите, активистите, медијаторите во Македонијаˮ е темата на третата дебата на Здружението Диверзити Медиа од новиот проект „Дебатирањето менуваˮ.

Дебатата ќе се одржи утре (17 септември) и ќе се емитува во живо на Радио МОФ, од 13 до 14 часот. На темата ќе дискутираат Зоран Јанакиев, ЕУ лобист, Петрит Сарачини, граѓански активист и Зоран Петковиќ – Бакли, претседател на Комората на медијатори на Македонија.

Ова е уште една од циклусот 12 радио – дебати на различни теми кои што се емитуваат секој вторник на Радио МОФ од септември до декември годинава.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Диверзити Медиа ќе објавува и анализи од секоја радио – дебата. Тие ќе може да ги следите секој четврток на  http://diversitymedia.mk/, додека од ИДЕА Југоисточна Европа пак, ќе се погрижат да ја „фатиатˮ атмосферата на секоја радио – дебата и нивните видео записи ќе бидат достапни на http://idebate.org/ и на http://diversitymedia.mk/.

Соопштението на Диверзити медиа ОВДЕ  е достапно и на албански јазик.