Дебата за воведувањето на Уставната тужба во Македонија

Македонскиот центар за европско образование во рамките на проектот „Основни права – Сместување во европската рамка“ организира експертска дебата за воведувањето на Уставната тужба во Република Македонија.

Дебата за воведувањето на Уставната тужба во Македонија

Дебатата ќе се одржи на 21 март (петок), со почеток во 11.00 часот во хотелот ИМПЕКСЕЛ 2, зад Универзалната сала.

Проектот „Основни права – Сместување во европската рамка “ е финансиран од Министерството за Комонвелтот и за надворешни работи на Обединетото Кралство, преку амбасадата во Скопје.

Целта на проектот е подигање на свеста за европскиот систем за заштита на човековите права и импактот кој истиот го има врз соодветниот национален систем за заштита на човековите права. Притоа за потребите на проектот под европски систем за заштита на човековите права ги подразбираме обата системи кои се развиваат во рамките на Советот на Европа, односно сега по стапувањето во сила на Договорот од Лисабон особено системот кој се развива во Европската унија.

Во рамките на проектот во подготовка е студија на системите за заштита на човековите права и нивната компатибилност, односно усогласеност. Студијата ќе треба да понуди и анализа на механизмите за заштита на човековите права кои се достапни за граѓаните од Македонија согласно различните системи и нивната искористенст, а ќе зборува и за механизмите кои ќе ги понуди, или пак ќе ги зајакне пристапувањето во Европската Унија особено по стапувањето во сила на Договорот од Лисабон, соопштуваат организаторите.