Дебата за примената на марихуаната во медицински цели во недела

Јавна дебата на тема „Примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели“, во организација на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства, ќе се одржи во недела (22.11) во 12 ч. во хотелот Александар Палас.

На дебатата ќе учествуваат стручни лица од повеќе области на фармацијата и медицината, како и од регулаторните органи, велат организаторите. Тие со своите искуства ќе придонесат за укажување на позитивните страни и ризиците на употребата на марихуана.

Дебатата е од отворена за сите.