Дебата за 11 Октомври: Радикална десница, неонацизам, неофашизам и како против нив?

Дебата за 11 Октомври: Радикална десница, неонацизам, неофашизам и како против тоа?!Во пресрет на одбележувањето на 11 oктомври, утре (8 октомври)  во клубот Менада во Старата скопска чаршија, ќе се одржи јавна дебата насловена „Радикална десница, неонацизам, неофашизам и како против тоа; Борбата продолжува“.

Почетокот на дебатата е закажан 19 часот, а на неа ќе се зборува за современите општествени процеси во кои се повеќе доминираат радикалните десничарски идеологии, како и начините како се организира отпорот против.

Како гости на дебатата се поканети Катерина Колозова, Роберт Алаѓозовски и Артан Садику, додека модератор ќе биде  Уранија Пировска.

Јавната дебата ќе трае до 21 часот.