Дебата во Струмица на тема „Волонтерство – има/нема бенефит“

Центарот на заедницата на општина Струмица заедно со членовите на Дебатниот клуб на Младински образовен форум во Струмица, денеска, со почеток од 18 часот во малата сала на Дом на АРМ, организираат дебата на тема „Волонтерство – има/нема бенефит“.

За позитивните искуства од волонтерството и стекнувањето вештини кај младите преку волонтерството ќе говорат Зоран Узунов, општински просветен инспектор на општина Струмица, Спасе Глигоров, Сектор за управување со човечки ресурси и обуки на општина Струмица и Митко Гогов, претседател на Граѓанско здружение „Контекст – Струмица“.

На дебата ќе дискутираат и спротиставени тимови составени од средношколци од Дебатниот клуб на МОФ во Струмица за (не)постоењето бенефит од волонтерството.

Дебатата можат да ја следат претставници од здруженија, наставници и ученици, студенти, претставници од општинската администрација и граѓани на општина Струмица, кои ќе имаат можност активно да се вклучат во дискусијата со свои прашања и ставови.

Во афирмацискиот тим ќе бидат Љубица Поп – Трајкова од ПСУ „Јахја Ќемал“ – Струмица, Ристо Ковачев и Цветанка Манчева од СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, а во негацискиот тим се Лилјана Георгиева, Миле Грнчаров и Верица Китанова од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.