Во четврток, на 30 октомври 2014, дебатниот клуб од Кратово, дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, организира јавна дебата на теза „Формалното образование позитивно влијае на меѓуетничката интеграција помеѓу средношколците“.
Јавната дебата ќе се одржи во холот на СОУ „Митко Пенџуклиски“ со почеток во 13:30 часот.
На јавната дебата ќе учествуваат четворица дебатери поделени во афирмативен и негациски тим, кои ќе дискутираат за влијанието на формалното образование во интеграцијата на средношколците со различен етникум. На поделените ставови и спротивставените аргументи ќе следи отворена дискусија меѓу присутните професори и средношколци кои ќе бидат поканети на јавната дебата. Калинка Стефановска, професорка по социологија во СОУ „Митко Пенџуклиски“, ќе ја има улогата на модератор на јавната дебата.
Оваа активност е реализирана во соработка со Дебатната програма на Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.