Дебата: Слобода на вероисповед – состојбата и предизвиците на верската дискриминација

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) утре (29 ноември)  во 11:00 ч. во хотелот „Холидеј ин“организира дебата: „Слобода на вероисповед – состојбата и предизвиците на верската дискриминација“.

Дебата: Слобода на вероисповед – состојбата и предизвиците на верската дискриминација

Воведни излагања ќе имаат Беким Кадриу, универзитетски професор и Ирена Митевска, член на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД). Настанот ќе го фасилитира Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС.

Целта на дебатата е да се презентира моменталната состојба во Македонија, европските искуства и практиките со справување со верската дискрриминација.

Дебатата е дел од проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот е поддржан финансиски од Европската Унија преку програмата Прогрес (2007-2013).