[Дебата] Политичка дискриминација во Македонија?!

Дали граѓаните ја препознаваат и пријавуваат политичката дискриминација, колку партиската книшка помага во кариерата, зошто е тешко да се избега од политиката во услови кога Владата е најголемиот работодавач? Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат отворени на Дебата за човекови права „Политичка дискриминација во Македонија?!“, која во вторник ( 29 април) во живо се организира и емитува на Радио МОФ со почеток во 13 часот.

[Дебата] Политичка дискриминација во Македонија?!

На темата ќе дебатираат Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Љупчо Петковски, аналитичар во Македонскиот центар за европско образование и Ана Чупеска, асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Модератори на дебатата се новинарките од Радио МОФ Јасмина Јакимова и Кристина Озимец.

Покрај аудио, Радио МОФ во периодот од 13 до 14 часот ќе врши и видео пренос од овој настан.

Дебатата се реализира во соработка со Македонски центар за европско образование (МЦЕО), а во рамки на проектот „Основни права – Сместување во европската рамка“. Целта на проектот е подигање на свеста за европскиот систем за заштита на човековите права и импактот кој го има врз соодветниот национален систем за заштита на човековите права.