Дебата: „Партнерства за безбедност во сообраќајот“

Здружението „Еко Логик“ организира дебата по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност.

„Целта е да се претстават и дискутираат можните начини за подобрување на сегашната состојба на улиците во Скопје помеѓу автомобилите, велосипедистите и пешаците. Како дел од оваа дебата, ќе се дискутира за ниво на култура на возењепо меѓу велосипедисти и возачи на автомобили“, стои во описот на настанот.

Учесниците на оваа дебата како што се граѓанските организации и јавниот секторн заедно со другите учесници и гости, ќе имаат можност да го искажат своето мислење на оваа тема и да понудат предлози и можни решенија за подобрување на протокот на сообраќај и подобрување на сообраќајната култура во Скопје.

Меѓу поканетите се и претставници на Одделот за планирање на просторот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, психијатриската установа, „На Точак”, како и архитект / дизајнер.

Дебатата ќе се одржи на 17 септември, во просториите на ЕУ инфо центар, со почеток од 11 часот.