[Дебата] Од студентски протести до општествени промени

Пред два дена на Македонија и се случи голем студентски марш на кој неколку илјади студенти му кажаа „НЕ“ на предлогот за воведување екстерни тестови на универзитетите и побараа Владата и Министерството за образование да се повлечат од оваа идеја.

[Дебата] Од студентски протести до општествени промени

Дали предлогот ќе биде повлечен, каде беа професорите, претставниците на СПУКМ, но и останатите педесетина илјади студенти за време на маршот, што беше пресудно за студентското будење, дали ваквите протести можат да донесат општествени промени… ова се само дел од прашањата на кои вечерва ќе дебатираме во студиото на Радио МОФ.

Во дебатата насловена „Од студентски протести до општествени промени“ ќе учествуваат професорот Небојша Вилиќ, новинарот Ѕвездан Георгиевски и студентите од „Студентски пленум“ Симона Јовчевска и Владимир Делов. Поканети се и претставници на Министерството за образование и наука како и претставници од СПУКМ.

Новинари-водители на дебатата се Кристина Озимец и Јасмина Јакимова.

Дебата можете да ја проследите на следниот линк. Покрај аудио, Радио МОФ ќе врши видео пренос во живо од вечерашната дебата.