Дебата: Oчекувањата на младите од претстојните избори во Македонија

Панел дискусија на тема „Очекувањата на младите од од претстојните избори во Македонија”, ќе се одржи во петок (26 февруари) во ЕУ Инфоцентарот во Скопје. Настанот е организиран од Младинската организација на ДОМ , а на дискусијата се поканети претставници од политичките подмладоци, Националниот младински совет на Македонија (НМС), Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, невладиниот сектор, меѓународните организации и институции кои работат на полето за младитe.

Младинската организација на ДОМ ќе биде домаќин на Генералното собрание, највисокото одлучувачко тело на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа (ЦДНЕЕ) на кое ќе присуствуваат делегати од сите организации- членки, а ќе се одржи од 25 до 28 февруари 2016 година, во Скопје, Македонија. ЦДН е мрежа на младински организации посветени на развој и имплементација на Зелената агенда. Во мрежата членуваат подмладоците на Зелените партии, невладини организации за човекови права и еколошки невладини организации од Источна Европа. Мрежата е основана во 2002 година, а нејзина цел е да ги поттикне младите луѓе да одиграат круциална и активна улога во градењето на одржливо и демократско општество, помагајќи им преку поттикнување на соработка и споделување на искуството и знаењата со и помеѓу организациите-членки.

Од МОДОМ појаснуваат дека ќе го искористат престојот на Зелените од Источна Европа за запознавање со состојбата и потребите на младите во Република Македонија непосредно пред одржувањето на парламентарни избори.