Дебата: „Ноќ на идеите: Како филозофијата ја гледа иднината?“

Во четврток, 14 февруари од 18 часот во Францускиот институт – Скопје ќе се одржи предавање и дебата насловена како „Ноќ на идеите: Како филозофијата ја гледа иднината?“.

Организаторите најавуваат дека Ноќта на идеите во Скопје е замислена како дијалогот/дебата помеѓу Делфин Морана Бирло, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон-Сорбона, и проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Дел од прашањата на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата се:

Кои се главните предизвици со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век?
Каде е местото на историјата на уметност помеѓу минатото и иднината?
Како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието?

Морана Бирло ќе земе учество и на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет, во организација на Филозофскиот факултет во Скопје, од 11 до 15 февруари 2019.