Панел-дискусија: Напуштање на етничкиот дискурс во владината политичка реторика

Дебата: Напуштање на етничкиот дискурс во владината политичка реторикаИнститутот за општествени и хуманистички науки утре (25 април) со почеток во 13 часот организира панел-дискусија на тема: „Постоечките аргументи за конфликтот во 2001 година во креирањето на политиките денес“ која ќе се одржи во ЦБС ЛОЈА во Тетово.

На панелот ќе се расправа за најновото истражување на политиките од областа на интеретничките и интеркултурните односи во Македонија, спроведено од тим на ИОХН-Скопје, под раководство на м-р Артан Садику.

Настанот во Тетово е дел од трите панел дискусии кои Институтот ги организира во наредниот период под заеднички наслов „ Напуштањето на етничкиот дискурс во владината политичка реторика и во институционалните политики“. По Тетово панел-дискусии следат во Штип и Битола.

Во дебатите ќе учествуваат дискутанти од активистичката сцена, аналитичари на политики и академски истражувачи, меѓу кои: Артан Садику, Горан Јанев, Рамадан Рамадани, Игор Јованоски, Борис Шарковски, Боро Китаноски, Алекс Букарски, и други.

Анализата спроведена од страна на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е насочена кон етничкиот модел на владеење и моделирање на социјалната, образовната, економската и културната политика и кон инаугурирање на политичката идеја на солидарност надвор од етничката припадност.

Истражувањето се состоеше од анализирање на политичките одлуки во последните две години на владините институции, анализа на клучни закони, анализа на медиумите за јавниот политички дискурс како и анализа на политичката реторика и комуникацијата на политичките лидери во земјата.Текстот за политиките кој произлезе од истражувањето и анализата, наведува аргументи и политички мотиви за напуштање на етничкиот дискурс во владината политичка реторика и институционалнато политико функционирање.