Дебата на Радио МОФ: Работничките права не се човекови права

Дебата на Радио МОФ: Работничките права не се човекови праваРаботничките права не се човекови праваˮ е темата на петата радио – дебата која ќе се емитува во живо на Радио МОФ, а  во рамките на проектот „Дебатирањето менуваˮ на здружението Диверзити Медиа.

Дебатата ќе се емитува утре (вторник, 8 октомври) во стандардниот темин од 13 до 14 часот.  На темата се поканети да дебатираат доц. д-р. Здравко Савески, професор на ФОН Универзитетот, Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи.

Ова е уште една од циклусот 12 радио – дебати на различни теми кои што ќе се емитуваат секој вторник во истиот термин во периодот од септември до декември годинава.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

Повеќе за проектот може да прочитате на : http://diversitymedia.mk/index.php/407 .