Дебата на Радио МОФ:Образованието во Македонија не поттикнува на соживот

Дебата на Радио МОФОбразованието во Македонија не поттикнува на соживотˮ е темата на новата, седма по ред радио – дебата на Здружението Диверзити Медиа од новиот проект „Дебатирањето менуваˮ.

Таа ќе се организира утре, вторник, 29 октомври и ќе се емитува во живо, од 13 до 14 часот, на фреквенциите на Радио МОФ. На темата ќе дебатираат Небојша Мојсоски од Македонскиот центар за граѓанско образование, Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование и Билјана Крстевска Папиќ од Нансен Дијалог Центарот од Скопје.

Ова е уште една од циклусот 12 радио – дебати на различни теми кои што ќе се емитуваат секој вторник во истиот термин, во периодот од септември до декември годинава.

Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).

„Недостигаат конструктивни дебати помеѓу политичари, академици, интелектуалци, студенти, млади професионалци…Тоа можеби е така бидејќи земјава во последните неколку години се соочува со ситуација на подвоено општество и поради присуството на страв дека е многу негативно да се биде критичен. Затоа, решивме малку да ги „поттурнемеˮ работите. Да им дадеме можност на дебатите. Согласно нашата цел и стратешка задача како организација која ја промовира различноста и се залага за развој на медиумите во Македонија, посебно на радиото како медиум, одлучивме битката на јасната, критичка, „ЗАˮ и „ПРОТИВˮ  мисла да ја водиме токму на радио“, посочуваат од Диверзити Медиа.