Иницијативата „8-ми Септември“ организира дебата на тема „Македонија е земја на социјална неправда“, која ќе се одржи во Скопје, на 03.02 (вторник), во ГЕМ (Менада), од 12:00 часот.
На самиот почеток на дебатата ќе биде промовиран документарен филм „Македонија е земја на социјална неправда“. Филмот ќе укаже на нефункционалниот систем на социјална заштита во Р. Македонија.
На дебатата свое обраќање ќе имаат: Џелал Хоџиќ, Мила Царовска и Наде Наумовска.
Активистот Џелал Хоџиќ ќе ги претстави предлог мерките на „8-ми Септември“ доставени до Владата на Р. Македонија и ЗЕЛС, ќе укаже на потребата од мобилизација со цел за добивање на функционален систем на социјална заштита, по што присутните на дебатата ќе ги искажат своите коментари, ставови, предлози и забелешки.
Настанот е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија