[Дебата] Кршењето на демократијата во Македонија и левицата

Кршењето на демократските стандарди и реакцијата на левицата во Македонија ќе бидат тема на дебатата која ќе се одржи во среда во 19:00 часот во Автономниот културно – социјален центар во Скопје.

[Дебата] Кршењето на демократијата во Македонија и левицата

„Во последно време кршењето на демократските стандарди во Македонија зеде замав. Власта сè повеќе покажува дека е подготвена да го истера своето и покрај несогласувањето на јавноста и покрај протестите и покрај пишаните и непишаните демократски стандарди. Како треба да реагира левицата на тоа? Дали треба да биде незаинтересирана за кршењето на „буржоаската демократија“ и да се држи на своето примарно поле од интерес: социјалната правда и работничките права? Или, токму кршењето на демократијата овозможува да дојде до дополнително осиромашување на народот и збогатување на малкумина крупни капиталисти. Ова е само една од клучните дилеми што се поставуваат пред левицата овде и сега“, се вели во најавата за настанот.

На дебатата воведничари ќе бидат членови на Левичарското движење „Солидарност“, Движењето за социјална правда „Ленка“ и претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис.