Дебата: „Кој профитира од економскиот раст во услови на растечка нееднаквост на граѓаните?“

„Кој профитира од економскиот раст во услови на растечка нееднаквост на граѓаните?“ е насловена дебатата која ќе се одржи во петок (26 декември) во ГЕМ клубот во Стара чаршија, со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата на тема , во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.

-Јазот помеѓу сиромашните и богатите во Македонија расте. Повеќе од една третина од вкупниот доход во економијата оди во рацете на најбогатите 10%, додека најсиромашните 10% од популацијата користат само 2% од доходот. И покрај растот на економијата во време на криза,  кај семејствата со три и повеќе деца, сиромаштијата продолжува да расте. Тоа укажува дека најголем бенефит од растот има богатата класа, а сиромашните уште повеќе осиромашуваат.

На дебатата ќе се отворат прашања како тоа дали висината на економскиот раст или неговата распределба е клучната тема за нашето општество, дали рамниот данок го потпалува фитилот на нееднаквоста, но и какви политики и промени во даночната и социјалната сфера се потребни за побрзо излегување од сиромаштијате.

Говорници на дебатата ќе бидат Марјан Петрески од Универзитет Американ Колеџ Скопје, Маја Геровска Митев од Филозофски факултет, Скопје и економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ. Модератор ќе биде Ида Протугер Вељковиќ.

Организатор на настанот е Фондацијата Отворено општество – Македонија, а дебатата ќе се пренесува директно со видео на интернет.