Дебата: „Каква Македонија сакаме по излезот од политичката криза?“ во кампот пред Владата

Дебата на тема: „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“ ќе се одржи вечерва во кампот пред Владата. Како говорници се најавени:
– Зоран Заев, претседател на СДСМ;
– Наталија Поповска, Транспарентност Македонија (област: транспарентност на институции и трошење јавни пари);
– Мухамед Зеќири, новинар (област: медиуми);
– Дона Костуранова, Национален младински совет на Македонија (област: млади);
– Ирена Стефоска, Vox Academica (област: образование);
– Никола Писарев, Центар за современи уметности (област: проблеми на локално население);
– Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права (област: судство и правна држава);
– Славчо Димитров, Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници” (област: човекови права);
– Владимир Лазаревиќ, Хелтгрупер (област: здравство);

Настанот почнува во 18:00 часот, а модератор на дебатата е Марјан Забрчанец од Платформата за граѓанска политика “Ајде!”.

Покрај ова, во кампот пред Владата вечерва ќе има и музички перформанс со чалгии, како и работилница за изработка на транспаренти на тема “Стоп за социјалната неправда!”.