Дебата: Каков вид демократија има во мултиетничко Кичево?

Центарот за развој на заедницата во Кичево организира трибина на која присуствуваа претставници на локалната самоуправа, граѓански активисти, политички аналитичари и претставници на народното правобранителство. Целта на оваа трибуна беше да се дебатира за соживотот на граѓаните во едно мултиетничко општество и нивните права во една демократска држава.

Дебата: Каков вид демократија има во мултиетничко Кичево?

На почетокот на присутните им се обрати градоначалникот на општина Кичево, ФатмирДехари, кој рече дека општините се најдоброто место за подобрување на меѓуетничкитеодноси и за зголемување на соработкатата и хармонијата меѓу заедниците.

„Општина Кичево во континуитет работи врз основа на принципот на соживот и не прави разлика меѓу, граѓаните реализирајќи голем број активности за сите. Ние сме во процес на формирање на Комисија за односи меѓу заедниците во нашиот град. Апелирам до сите граѓани за разбирање и меѓусебна толеранција, како многу важна карактеристика за заедничката социјална благосостојба“, изјави Дехари.

Дискусијата ја продолжи заменик-народниот правобранител, Даут Селими, кој зборуваше за влијанието на институционалното однесување врз меѓуетничките односи.

„Државата и институциите, не само позитивните закони, треба да ги почитуваат и конвенциите и меѓународните прописи што ги има ратификувано Република Македонија. Законите и правата не треба да се прекршуваат и не се почитуваат само од државните или комуналните институции, но тие се поврзани еден со друг и ако еден направи прекршок, процесот оди како синџир. Слушнав од градоначалникот кога рече дека Комисијата за односи меѓу заедниците е во процесот на формирање, а јас мислам дека тоа требаше да се формира и порано. Улогата на таа комисија е само советодавна, но е многу важна за сите општини. Во оваа општина уште нема правна и адекватна апликација на правото за вработување. Најдобар пример за ова е ЈП ‘Комуналец’, каде што има големи прекршоци на правата на вработување. Децата во предучилишните установи немаат право на едукација на нивниот мајчин јазик, а иста е состојбата и во Центарот за луѓе со посебни потреби. Овие центри функционираат само на македонски јазик“, рече Селими

На оваа трибина како претставник на невладините организации присустваше, Џабир Дерала, претседател на НВО Цивил – Центарот за слобода, кој рече дека ако сакаме во нашата држава нешто да се промени, треба да го покажеме нашето незадоволство од институциите и тогаш дачекаме да се подобрат.

„Институциите се за да се погрижат за сите граѓани, без разлика на која заедница ѝ припаѓаат, и затоа нема оправдување за состојбата во која се наоѓа Македонија толку долго време. 2001 година беше врвот, кога меѓуетничките односи се затегнаа докрај и, освен што од тоа страдаа двете најголеми заедници во земјата, настрадаа многу и помалите заедници, кои не знаеја на која група ѝ припаѓаат“, додаде Дерала.

Како дел од дискусијата во Кичево беа и директорката на проектот Форум – Цивилен мировен сервис, Силке Маиер Вим, менаџерот на проектот Форум – Цивилен мировен сервис, Кристен Шоенефилд, директорот на Фондацијата Фридрих Еберт, Хајнц Бонгарц и политчкиот аналитичар, Гордана Дувњак.

Фатлуме Дервиши