Дебата и проекција на „Taking Sides“ во понеделник на Контра кадар

За прв пат од основањето Контра Кадар во Скопје, во понеделник (11 април) во Кино Култура ќе се одржи дебата меѓу Бранимир Јовановиќ – левичар, и Петар Котевски – десничар, либертаријанец. Истата вечер ќе се прикажува и филмот „Taking Sides“ на режисерот Иштван Сабо.

На дебатата ќе зборува за тоа дали треба да се остане во Македонија и за тоа какво општество сакаме да изградиме. Прашањето е формулирано низ призмата на еднаквоста на можностите – дали денес, граѓаните на Македонија имаат еднакви можности и дали еднаквоста на можностите денес е поголема или помала отколку во минатото, т.е. од пред распадот на социјализмот?

Главното прашање кое Сабо го отвора во овој, а и во повеќето негови филмови, е дали уметникот, интелектуалецот во време на диктатура може да направи своевиден компромис со власта, ако тоа би му овозможило да си ја задржи својата слобода и интигритет. Додека нишката што го поврзува истото со темата е тоа што главниот лик, и покрај неговата светска слава, решава да остане во нацистичка Германија, да продолжи со неговата работа и да се бори за своите убедувања.

Филмот е во режија на е култниот унгарски автор Иштван Сабо, добитник на неколку награди на фестивалите во Кан и Берлин, како и Оскар за најдобар странски филм за филмот Mephisto.

Проекцијата ќе започне во 19 часот во Кино Култура, а влезот е слободен.