Во четврток (5 декември) во хотелoт Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи дебата на тема „Граѓанското учество во Македонија“.
Целта на настанот е да се презентираат резултатите од двете анкети за граѓанско учество спроведени од страна на Реактор – Истражување во акција и да се отвори дискусија од страна на граѓанските организации и нивниот поглед и искуство на терен по однос на прашањата од анкетите.
Од учесниците на дебатата се очекува да го дадат својот придонес во идентификување на клучните предизвици, реалната ситуација во Македонија и приоритетните насоки за зголемување на граѓанското учество во Македонија.
Настанот почнува во 11 часот, а програмата може да ја видите ОВДЕ. Дебатата ја организираат Фондацијата Отворено општество – Македонија и Реактор – Истражување во акција во рамки на Проектот на УСАИД за граѓански општество.
Учесниците во дебата своето учество треба да го потврдат до 03 декември на електронска пошта на адреса: vasko.lazarevski@soros.org.mk.