Дебата: „Фирмите, незаобиколиви чинители во борбата против климатските промени“

Амбасадата на Франција во Скопје, Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија организираат дебата – работилница на тема „Фирмите, незаобиколиви чинители во борбата против климатските промени“. Таа ќе се одржи во четврток (10 септември) од 09:00 до 11:00 во Информативниот центар на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

На неа свое обраќање ќе има Брис Лалонд, поранешен француски министер за животна средина, специјален советник на Обединетите нации за одржлив развој, како и претставници на македонски фирми и институции.

Тема на работилницата ќе бидат економските аспекти, со тркалезна маса на којашто ќе присуствува и господинот Брис Лалонд, поранешен министер, специјален советник на ОН за климатски промени; претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и фирми, коишто во своите активности го вклучуваат и прашањето за борбата против климатските промени.