Дебата „Човековите права низ призмата на различните култури“

„Човековите права низ призмата на различните култури“ е насловена јавната дебата која во вторник, 15 јануари, во 13 часот ќе се одржи во Ресторанот Амбрела во Скопје во организација на Волотнерски Центар Скопје.

Дебатата има за цел да одговори на прашањата на младите поврзани со начинот на спроведување и прифаќање на универзалните човекови права во различни култури. Едно од прашањата кое ќе биде дискутирано е и прашањето дали човековите права треба да се прилагодат на културите или културите на народите треба да ги прифатат човековите права и соодветно да ги менуваат своите културни практики.

Организаторите најавуваат и дека присутните ќе имаат можност да слушнат за практични искуства од прифаќањето на човековите права од страна на поединци кои припаѓале на поразлична култура.