[Дебата] (Без)Перспективност на младите во Македонија?

Во пресрет на Меѓународниот ден на младите, во петок (11 август), во 12 часот организираме дебата на тема „Перспективите на младите во Македонија“.

Како ќе се решава проблемот со младинската невработеност? Што да се стори за подобар студентскиот стандард и квалитетот на образование? Дали Македонија е земја на можности или држава од која бегаат младите и образовани лица? Колку младите се заинтересирани и мотивирани за промени во земјава? Дали младинските политики навистина им служат на младите, или друг профитира од нив? Кои се приоритетите на институциите, а што бараат активистите?

Во студиото на Радио МОФ ќе дебатираат Ивана Туфегџиќ, најмладата пратеничка во Собранието на Република Македонија, Дарко Каевски, новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Александра Филипова, активистка и член на Управен одбор на Националниот младински совет на Македонија и Горан Георгиев, од Сојуз на извидници на Македонија. Модератор е новинарката Јасмина Јакимова.

Закачете се на Радио МОФ, утре во 12 часот. Дебата ќе се стрима во живо на Фејсбук страницата на Радио МОФ.