Дебата: Агонијата на бескрајната транзиција

Во Куршумли-aн, утре (6 октомври) ќе се одржи дебатата „Агонијата на бескрајната транзиција“ .  Настанот започнува во 13 часот, а панелисти ќе бидат професорката по филозофија Катерина Колозова, архитектот Мартин Пановски,  професорот по фотографија Роберт Јанкулоски и Филип Јовановски, ликовен уметник и граѓански активист.

Дебата: Агонијата на бескрајната транзиција

ФОТО: Радио слободна Европа

Проектот „Изгрев на залез – Постапокалиптична реа на транзицијата“, реализиран како дипломска работа на фотографот Сашо Димоски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, е визуелна метафора за процесот на распаѓањето на еден државен систем. Истовремено, проектот го бележи отсуството на новите вредности. Во амбисот што се појави меѓу тоа што било и тоа што треба да биде се отвораат низа прашања кои се обидуваат да одгатнат до кога ќе трае македонската транзиција и колку ангажираната уметност може да помогне во окончувањето на тој процес.

Изложбата на фотографии на Димоски од 1 до 6 октомври, беше поставена како гостувачки проект на Скопската недела на дизајнот во Куршумли ан. Тема е хотелот „Изгрев“ кој е изграден на брегот на Охридското езеро во Струга,а  кој во моментот на снимање е напуштен и деконструиран. Станува збор за „визуелизација на распаѓањето на едно државно уредување со сите негативни последици и слика за смртта на еден прекрасен објект кој повторно оживува како монументално уметничко дело во еден надреален премин низ димензиите на менувањето на облиците на животот“.