Дебата „2015 низ призмата на Буџетот на Република Македонија“

На 22 декември 2014 година (понеделник), во ГЕМ клубот во Стара чаршија, со почеток во 19 часот, ќе се одржи дебата на тема „2015 низ призмата на Буџетот на Република Македонија“, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

– Во 2015 ќе почнеме вистински да ја плаќаме штетата од досегашните погрешни политики на оваа власт. Растат буџетите, задолжувањата, обврските за плаќања на долговите, расте сиромаштијата. Па оттука, дебатата ќе ги отвори прашањата за тоа дали може македонската економија да издржи гломазен буџет од 3 милијарди евра и до каде може да се растегнува разликата помеѓу проектираните и реализираните нивоа на дефицит. Меѓудругото, ќе се проговори и за тоа дали оваа власт има капацитет за реални и издржани капитални проекти и за тоа уште колку нововработени партиски војници може да издржи јавната администрација и македонската економија, се наведува во поканата за настанот.

Говорници на дебатата, ќе бидат Ванчо Узунов, Никола Поповски и Петар Гошев.
Модератор ќе биде Анета Додевска.

За настанот ќе биде овозможен и пренос во живо на vozivo.mk.